Состанок на ограноците на ПДПР во Делчево

Вечерва во Делчево се одржа состанок на ограноците на Партијата за демократски просперитет на Ромите од Штип, Кочани Виница, Делчево, Берово и Пехчево. На состанокот беше разгледана актуелната политичка состојба во државата и притоа беа донесени неколку заклучоци околу дејствувањето на партијата. На прес конференцијата која се одржа по оваа средба, претседателот на партијата Аксел Ахмедовски истакна дека и покрај недобивањето датум за преговори со ЕУ, државата треба да продолжи на тој пат, преку создавање услови за благосостојба на граѓаните.
 
-Имајки ги во предвид анализите на експертите и изјавите на највисоките претставници од владејачката структура и од опозицијата и не навлегувајки далбоко во причината за недобивањето датум за преговори, ние како партија сметаме дека Македонија треба да продолжи да создава услови за владеење на правото со бескомпромисна борба против корупцијата. Изразуваме пофалба за непосредното и скоро членство во НАТО Алијансата како стратешка цел на Македонија, но во исто време изразуваме и длабоко жалење за голамата жртва што ја направи нашата земја во однос на договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор кој опфати едно од најчувствителните прашања, а тоа е промената името, но за возврат не се отворија вратите за влез во ЕУ, односно не е добиен датум за отпочнување на предпристапните преговори за членство во Унијата, а што беше и е приротиет на сите политички субјекти без разлика дали се парламентарни  или вонпарламентарни, рече Ахмедовски.
Како прв приротитет за решавање на проблемите на граѓаните од ромска националност Ахмедовски на вечерашнава прес конференцијата го посочи Домувањето.
 
-Бараме под итно да се изврши урбанизација во сите ромски маала, обезбедување електрична енергија и доволно напон во секое семејство, обезбедување дом на секое бездомно семејство, сметаме дека државата располага со доволен финансиски материјален капацитет, но потребно е до израз да дојде политичката волја на носителите на власта за да нивниот ангажман не биде само декларативен, а со цел прибирање на ромските гласови за нивните политички амбиции, додаде Ахмедовски.
 
Бараме соодветна правична застапеност на Ромите во институциите од јавен карактер, како сервисодаватели за разлика од популистичкиот израз на сите владејачки гарнитури, бидејки со години наназад е воспоставена намерна пракса за нееднаквото третирање на таквата застапеност на Ромската заедница која што е констатирана и во Европскиот извештај за напредокот на Македонија за членството во ЕУ.
 
Од ПДПР ја известија јавноста дека на 1 декември ПДПР ќе одржи Централен одбор на кој ќе биде соопштен ставот за понатамошното делување на партијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*