Дваесетина членови на ПД „Голачка срна“ од Делчево денес реализираа успешна планинарска тура околу селото Бигла. Како што информираше Васил Маневски, член на друштвото планинарската маршрута долга девет километри успешно ја поминале сите учесници.
-Стартот на денешниов планинарски марш беше од месноста наречена „Крстот“ помеѓу маалата Бојчовци Белчинци во атарот на с. Бигла. Стартната позиција на деветкилометарската маршрута беше од месноста „Крстот“, место кое е посветено на Св. Димитрија, каде луѓето од Драмче и Бигла се собираат на заедничка трпеза на поголемите верски празници. Тука е подигнато и спомен обележје со крст изградено 1929 година. Планинарите го посетија и Основното училиште „Јане Сандански“, кое сега не работи , а објектот е во ужасно лоша состојба, со искршени прозорци, распаднат под, демонтирана електрична инсталација, информираше Маневски.
Патеката како што додаде, водела низ маалото Стефанци од каде бил забележан прекрасен поглед кон Осоговските планини, Голак и Плачковица со врвот Лисец.
-Тука некаде планинарите имаа мала пауза што ја искористија за разговор со мештанинот Ванчо Атанасов, кој откако станал стечаен работник егзистенцијата на семејството ја обезбедува со екстензивно замјоделство и сточарство. Тука љубезно не поздрави и неговиот внук второодделенецот Филип кој секојдневно оди на училиште во ООУ „Ванчо Прк“ во Делчево, поминувајќи по дваесетина километри во еден правец. Дедо му наутро го вози со тракторот до бигланското училиште на стариот пат Делчево Кочани преку Грлани , од каде со другите ученици имаат организиран превоз до Делчево и назад, раскажа Маневски.
Најмладиот член на денешната планинарската експедиција беше Бојана Милева, осмооделенка во ООУ „Ванчо Прке“ која ја презеде улогата на фото и видео снимател за оваа планинарска репортажа подготвена од колегата Васил Маневски која има и второ продолжение.
Од денешниот планинарски марш на ПД ,,Голачка срна"
Posted by delcevo365.mk on Sunday, 17 November 2019
ПД „Голачка срна“ денес реализираа успешна планинарска тура околу село Бигла. Фото: Бојана Милева
Posted by delcevo365.mk on Sunday, 17 November 2019
Leave a Reply