Делчево го доби првиот регистер на Станбени згради

Во Општина Делчево има 27 згради за колективно домување, од кои 22% имаат лифт, а 55% имаат деловни простории, додека најстарата зграда е изградена во 1950 година. Овие податоци стојат во првиот Регистерот на станбени згради во Општина Делчево подготвен од Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“, а како резултат на Меморандумот за соработка меѓу Општина Делчево и Здружението „Хабитат Македонија“.
 
Изработката на првиот регистер за станбени згради во Делчево е во рамките на проектот „Воспоставување регистар на станбени згради и станови и регистер на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија“.
 
Проектот претставува иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективните станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и управувањето со колективните станбени згради.
 
Регистерот на станбените згради од Делчево ги дава и основните податоци за градежните и енергетските карактеристики на станбените згради, управители на зградите и сл. Општина Делчево има обврска да ги регистрира во деловодник податоците од евиденцијата добиена со одредена методологија и да обезбеди нивно понатамошно чување и надополнување во формат пропишан со закон. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*