Завршни работи на локалниот пат Илиово-Турија

Во тек се завршните работи на локалниот пат Илиово-Турија. Во моментот се асфалтираат последните 500 метри од делница од село Турија до село Трстија, со што се заокружува комплетно изградбата на овој локален пат.
 
Вршејки увид во градежните работи на локалниот пат, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека со реализација на овој проект, се решава голем проблем на граѓаните кои живеат или гравитираат на ова подрачје.
 
-Со асфалтирањето на овие 500 метри се заокружува изградбата на локалниот пат и самата доизградба овозможува комплетна сообраќајна целина за поврзување на неколку населени места Илиово, Бигла, Турија, Трстија. Средствата во висина од околу 2,8 милиони денари се обезбедени од Програмата за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за финансирање во 2019 година преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, истакна Трајковски.
Минатата година од овој локален пат беа асфалтирани околу 400 метри, исто така, преку Програмата за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични потреби.
 
Трајковски, најави изградба на патна инфраструктура и во неколку делчевски села. Наскоро ќе започнат градежни работи за изградба на две улици во село Тработивиште, улица „Гоце Делчев“ и „Пијанечка“, во село Разловци ќе се гради крак на улица од Спомен-домот, а планирана е изградба и на крак 2 и крак 3 од улица во село Град.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*