Овој викенд есенски панаѓур во Делчево!

Од петок до недела во Делчево ќе се одржи тридневниот есенски панаѓур на кој граѓаните од Делчево и околината по прилично достапни цени ќе можат да одберат секаков вид на производи карактеристични за панаѓурите.

Организаторите очекуваат голема посетеност, како од граѓаните така и од страна на бугарските државјани кои во сабота се најбројни во Делчево.

-Ние сме одговорни за источниот дел на Македонија и панаѓурот секогаш го организираме на различни места. Овој викенд од 22 до 24 ноември сме во Делчево каде очекуваме добра посетеност, велат организаторите.

Есенскиот панаѓур како и претходниот пат ќе се одржи на паркингот пред градскиот стадион во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*