Учениците од ООУ ,,Св.Климент Охридски” во посета на шефот на државата

Македонскиот шеф на државата, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Делчево.

Учениците имале можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски, и директно од него да се информираат за неговите надлежности, ги посетиле просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите во кои се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Од прес-службата на Кабинетот на претседателот информираат дека учениците се сретнале и со дел од вработените во Кабинетот и биле запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите кои се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*