Подршка од делчевските советници за Меѓуопштинско јавно претпријатие за регионално управување со отпад

Делчевските советници со позитивна одлука се приклучија на иницијативата за основање Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад. Ивана Ивановска од секторот финансии при ЕЛС Делчево, на денешната седница на делчевскиот совет, образложи дека износот предвиден за учество на Општина Делчево е 140 илјади денари.
 
-Согласно со oдлуката, износот за основање на Заедничкото јавно претрпијатие за регионално управување со отпад „Депонија Мечкуевци“ е 3 милиони денари, а средствата ги обезбедуваат општините-основачи во пропорционален износ со бројот на население, според последниот Попис спроведен во 2002 година и Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија. Износот предводен за учество на Општина Делчево е 140 илјади 737 денари, рече Ивановска.
 
Согласно со Одлуката, Заедничкото јавно претрпијатие за регионално управување со отпад „Депонија Мечкуевци“ сo седиште во Општина Свети Николе има скратен назив на претрпијатието ЗЈПРУО „Депонија Мечкуевци“ Свети Николе.
 
ЗЈПРУО „Депонија Мечкуевци“ Свети Николе ќе врши дејности за собирање, обработка и отстранување отпад; обновување материјали; дејности за санација и останати услуги на управување со отпад; пиоритетна дејност ќе биде обработка и отстранување безопасен отпад.
 
Во Одлуката се предвидува да има 6 претоварни станици кои се организирани како подружници, и тоа:
 
– Претоварна станица (ПС) Подружница Берово- за Општина Берово и Општина Пехчево
 
– Претоварна станица (ПС) Подружница Македонска Каменица- за Општина Македонска Каменица и Општина Делчево
 
– Претоварна станица (ПС) Подружница Виница- за Општина Кочани, Општина Виница, Општина Зрновци, Општина Чешиново- Облешево, за ПС Берово и ПС Македонска Каменица
 
– Претоварна станица (ПС) Подружница Ранковце- за Општина Крива Паланка, за Општина Кратово и за Општина Ранковце
 
– Претоварна станица (ПС) Подружница Куманово- за Општина Куманово, Општина Липково, Општина Старо Нагоричане и ПС Ранковце.
 
– Претоварна станица (ПС) Подружница Штип- за Општина Штип и Општина Карбинци.
 
Финансирањето на ЗЈПРУО „ДЕПОНИЈА МЕЧКУЕВЦИ” Свети Николе ќе се врши од остварени сопствени приходи на претпријатието, од буџетите на општините основачи во пропорционален износ согласно закон, од донации и спонзорства и од други извори на приходи.
 
Органите на ЗЈПРУО „ДЕПОНИЈА МЕЧКУЕВЦИ” Свети Николе се Управен одбор, Одбор за контрола на материјално-финансиското работење (Надзорен одбор) и директор.
 
Управниот одбор се состои од 15 (петнаесет) членови кои ги именуваат и разрешуваат советите на општините кои го основаат заедничкото јавно претпријатие. Рокот за донесување на Статутот и именувањето на органите на ЗЈПРУО „ДЕПОНИЈА МЕЧКУЕВЦИ” е 90 дена од денот на уписот во Централниот регистар на РСМ.
 
Со ова, како што беше истакнато на седницата, продолжува дореализацијата на деценискиот процес за отворање современа регионална депонија во источниот регион.
 
-Процесот за формирање на регионалната депонија во Мечкуевци, Општина Свети Николе се отвора токму со формирањето на јавното претпријатие, што значи дека тоа ќе биде краен корисник на проектот што е и предуслов за искористување на предвидените грант-средства. Оваа иницијатива за отпочнување на меѓуопштинската соработка претходно е доставена на усвојување до сите 17 општини од Источниот и Североисточниот регион, беше кажано на седницата.
 
Се до конечното воспоставување на системот за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, процесот ќе го координира Министерството за животна средина и просторно планирање.
 
Средствата за реализација на овие активности се обезбедени преку ИПА 2 повикот од Секторската оперативна програма за животна средина за програмскиот период 2014-2020 година.
 
Повеќе за ова во видеото во продолжение:
 

Седница на Совет на Општина Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 20 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*