Вкупно 600 граѓани пријавени за вакцина против грип во Делчево

Во Делчево започна вакцинирањето против сезонскиот грип. Како што информира Надица Ефтимовска од Одделението за епидемиологија при Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ од Делчево, досега 600 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип.
 
-Вакцинирањето тече во најдобар ред, почнавме со бројка од 450 запишани и дополнителни 150 граѓани, со што вкупно 600 вакцини се обезбедени против сезонскиот грип. Се надевам дека акцијата ќе продолжи во најдобар ред и во наредниот период, истакна Ефтимовска.
 
Директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска додава дека поради редовноста на пензионерите, во Делчево во последните 10 години епидемија на грип не е забележана.
 
-Во Делчево одамна се создаде пракса и кога се плаќаа вакцините пензионерите навреме да се вакцинираат. Така да можам да кажам дека последните 10 години не сме имале некоја голема епидемија со грип и не сме имале проблеми. Сега вакцините се бесплатни за пензионерите, малку се создаде гужва на почетокот, бидејки сме народ кој сака се во еден ден да заврши, но ќе се справиме успешно со тоа, затоа што имаме одлична соработка со Центарот за јавно здравје, додава Глигоровска.
 
Од Здравствен дом ,,Гоце Делчев” ги упатуваат сите оние кои не резервирале термин за вакцина, тоа да го сторат кај своите матични лекари, се со цел и кај нив навреме да биде извршено вакцинирањето против сезонски грип.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*