Се е подготвено за делчевското ракометно дерби!

Женските кадетски екипи на РК „Брегалница плус“ и РК ,,Делчево” утре, (сабота 23 ноември), со почеток во 12:30 часот, во салата на СОУ „М.М.Брицо“ го играат првото градско дерби во сезоната 2019/20.

Натпреварот кадетките на РК „Делчево“ ќе го дочекаат со подобар скор од ракометарките на „Брегалница плус“, кои за волја на вистината минатото коло загубија само еден гол разлика од женската екипа на Струма во Струмица и најавија дека може да се очекува борбен ракомет во Делчево, каков што секогаш го имало во градските дерби натпревари.

Да ја наполниме салата во делчевската гимназија и да дадеме свој придонес во ова вкупно трето по ред градско дерби во женски ракомет. Минатата сезона на двапати победа забележаа ракометарките на РК „Делчево“.

Инаку, денес ракомет играа и кадетите на РК „Делчево“ кои му гостуваа на тимот на РК „Радовиш“. Според она што можеше да се следи на линкот во живо, со голема помош на судиите, делчевци кои имаа водство од 18:19 на полувреме, буквално со судиски грабеж загубија со еден гол разлика 32:31

Ракометните возбудувања продолжуваат во недела кога со почеток во 15 часот силите ќе ги одмерат пионерките на РК ,,Делчево” и РК ,,Велкова 5″.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*