Во Македонска Каменица доделени наградите за најдобрите сениори шахисти

Во Македонска Каменица на завршна свеченост доделени наградите за најдобрите шахисти сениори за 2019 година. На турнирот, како што информираше Лазо Стаменковски, претседател на Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ во изминатиот период настапија најдобрите сениори за 2019 година.
 
-Завршено е сениорското првенство за 2019 година, по што освен на најдобрите сениори ги доделивме и наградите во женска конкуренција. Наградата за најдобар сениор за 2019 година му припадна на Виде Велиновски, додека најдобрата жена шахист годинава е Славка Димитровска. Исто така во рамки на завршниот настан доделивме и награди во категорија за младинци и јуниори, кои ги освоија Дарио Атанасовски и Дарко Гоцевски, информира Стаменковски.
 
Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ брои 55 члена и активно работи две години. Фокус во наредната 2020 година, како што додаде претседателот на клубот, ќе биде ставен на развој на младите шахисти.
 
-Како шаховска школа имаме забележителен напредок со младинските категории. Постои огромен интерес за упис во клубот на нови млади членови со кои ќе продолжиме да работиме и во 2020 година. Имаме одлични услови за работа и нашата следна цел е во 2020 година да пријавиме наши натпреварувачи во сите категории кои се организираат под капата на Шаховската федерација на Македонија, додава Стаменковски.
 
Како признание за добрата работа на ШК „Каменица Саса“ Шаховската федерација летово на Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ му ја додели организацијата на Отвореното сениорско првенство на Република Северна Македонија што привлече голем број на познати шаховски имиња во М.Каменица, меѓу кои и велемајсторите Драгољуб Ачимовиќ и Роландо Кутиров.

Свеченост по повод завршниот шаховски турнир М.Каменица 2019! Доделување на пехари, дипломи и благодарници…Победници:1. Виде Велиновски – Сениори Мажи2. Славка Димитровска – Сениори Жени3. Дарио Атанасовски – Младинци4. Андреј Гоцевски – Јуниори

Posted by Шаховски Клуб "Каменица САСА" on Saturday, 23 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*