Почувствувајте го новиот амбиент на Хотел Македонија, кој ви нуди многубројни услуги по најпристапни цени во градот.
Во ресторанот на Хотел Македонија секојдневна понуда на салати, пастрмка и многу други гастрономски специјалитети кои може да ги нарачате и за домашни услови.
За сите љубители на кондиторски производи во Слаткара „Носталгија“ ќе најдете и слатки, торти и други кондиторски прозводи кои може да ги нарачате во секој дел од денот.
Не пропуштајте да го вкусите и најдоброто кафе во градот и сите видови алкохолни и безалкохолни пијалоци.
За ваша разонода Хотел Македонија поседува и забавно катче со посебно опремена просторија за играње, билјард и пикадо.
Организирањето секаков вид свечености долги години наназад е препознатлив знак за Хотел Македонија.
Хотелот располага со капацитет од 28 соби, сала за состаноци, посебна банкет сала за сите видови прослави и репрезентации.

Leave a Reply