
Иако со задоцнување ја објавуваме веста сепак секој успех на било кој млад спортист никогаш не е доцна да се соопшти. Информацијата е за успесите на младите кик-боксери од Кик-боксинг клубот ,,АС” од Делчево кои од 15-17 ноември се учествуваа на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија и притоа освоија 4 бронзени медали.
На турнирот кој воедно е “Балкански Клубски Куп”, од Македонија учестуваа 15 клуба со околу 80 натпреварувачи во повеќе кик бокс дисциплини. На “Балкан Бест Фајтерс” настапија 407 натпреварувачи од 14 држави, односно 70 клубови.
Од кик боксинг клубот ,,Ас” од Делчево со медали се закитија:
Павел Стојчевски – бронза, кадети, поинт фајт, -42 кг
Павел Стојчевски – бронза, кадети, КЛ, -47 кг
Павел Стојчевски – бронза, кадети, поинт фајт, -47 кг
Андреј Митков – бронза, пионери, ПФ, -28 кг
Честитки до нашите борци и нивниот тренер Љупчо Стојчевски на кои им посакуваме уште многу вакви успеси!
Leave a Reply