Превртеното комби на Штипска Млекара кое утрово го закочи сообраќајот на патниот правец Делчево-М.Каменица е отстрането од коловозот, со што сообраќајот се одвива нормално и на двете коловозни ленти.
Возилото е извлечено со помош на влечна служба која веќе го транспортира возилото во Штип. На возилото предизвикана е материјална штета од левата страна, додека за среќа возачот не е повреден.
На лице место на настанот не се видливи траги на кочење, за што возачи шпекулираат дека можна појава за сообраќајната несреќа е лизгавиот коловоз.
Дополнителни информации за точната причина за сообраќајната незгода кај село Очипала, Делчевско ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
Leave a Reply