Зорица Нушева и тимот на „Петрунија“ ја освоија наградата „Лукс“

Уште едно големо признание за, „Господ постои, името и е Петрунија“ и нашата Зорица Нушева. Филмот кој го обиколи светот и стигна до Берлинале од утрово е добитник на филмската награда Лукс, што ја доделува Европски парламент.

Се работи за наградата за која гласаат европските парламентарци, а се доделува од 2007 година. Конкуренција на „Петрунија“ и беа филмовите „Нерешениот случај Хамарскјолд“ (Данска/Норвешка/Шведска/Белгија) и „Кралство“ (Шпанија/Франција).

-Во Македонија постојано ме критикуваат дека моите филмови се премногу политички и тоа е вистина. Како автор, моја должност е да зборувам за проблеми за кои никој не се осмелува да зборува. И затоа, во името на сите креативци и автори од Европа ве повикувам да го обезбедите нашето најосновно право: слобода на говор и изразување“, изјави режисерката Теона Стругар Митевска од говорницата на Европскиот парламент во Брисел откако денеска ја прими наградата.

Трите финалисти за наградата се преведени на 24-те официјални јазици на Европската Унија и до февруари ќе бидат прикажани во сите 28 членки на ЕУ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*