Отворен ден по Граѓанско образование во ООУ „Св.Климент Охридски

Денес деветолетката „Св.Климент Охридски“ го реализираше Отворениот ден по Граѓанско општество кој изобилуваше со многу игра, забава, цртање, музика и други активности кои придонесаа за позитивен детски џагор во училишниот двор. Како што информира Теодора Тодоровска од ученичката заедница, целта е да се презентира сработеното од страна на учениците како дел од реформите во Граѓанското образование.

-Отворениот ден на Граѓанското образование се организира со цел да ги презентираме реализираните ученички иницијативи кои се дел од реформите на Граѓанското образование. Новиот концепт на Граѓанското образование подразбира активно учество на ученциите во ученичките иницијативи со позитивна промена во заедницата преку која се развива демократската култура кај младите, истакна Теодора Тодоровска.

Андреа Толевска коај исто така е дел од ученичката заедница изрази надеж дека и во иднина овој концепт ќе дава резултати при реализирањето нови иницијативи од младите.

-Ученичката заедница на нашето училиште им се заблагодарува на наставниците по Граѓанско образование како и на директорот и сите вработени кои ни помогнаа во сите наши иницијативи и се надеваме дека во иднина ќе не охрабруваат во нашите иницијативи и проекти со што ќе ја промовираме нашата демократска клима и хуманите вредност иво нашето училиште, додаде учениката Андреа Толевска.

Во продолжение погледнете како изгледаше денешниот Отворен ден по Граѓанско образование!

Уште неколку фотографии од денешниот ,,Отворен ден по Граѓанско образование" во ООУ ,,Св.Климент Охридски"

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 27 November 2019

Со голем број содржини денес се одржа "Отворен ден по Граѓанско образование" во делчевската деветолетка "Св.Климент…

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 27 November 2019

ООУ „Св.Климент Охридски“ организираше „Отворен ден по Граѓанско образование“

ООУ „Св.Климент Охридски“ организираше „Отворен ден по Граѓанско образование“

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 27 November 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*