Младите од Делчево се едуцираа за медиумска писменост

Во Делчево продолжува еднонеделната кампања која има за цел запознавање на младите со поимот медиумска писменост. Активностите од кампањата насловена „Интернет супер-херои денес се реализираа во средношколскиот центар „Методи Митевски – Брицо во Делчево.
 
-Периодот од 25 до 29 ноември во Делчево, Регионалниот центар за застапување од Делчево спроведува еднонеделна кампања во која организираме различни активности, се со цел да ја подигнеме свеста кај младите за тоа што значи медиумска писменост и како да се справат со лажните вести како и сите содржини кои ни ги нуди интернетот. Денес целна група на активностите ни беа делечвските гимназијалци, професорите и директорите кои се отворени за соработка, бидејки ова е тема на која уште многу треба да се работи, а како активност за прв пат се спроведува во Делчево, истакна координаторот на проектот Родне Деолска.
За директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски, проектот е чекор плус кон запознавање на малдите со терминот медиумска писменост.
 
-Ние како средношколски центар ги поздравуваме овие активности, тоа е чекор напред за младите луѓе кои имаат можност преку ваквите активности да ги осознаат лажните вести и да дознаат многу работи што се случуваат во реалноста, а не се пренесени од медиумите како што треба. Благодарејки на ваквиот вид на работилници, младите ќе научат да добиваат правилни информации, а со тоа и правилно да ги пренесуваат на генерациите после нив, истакна Прачкоски.
 
Дел од учениците истакнаа дека при секојдневното информирање често се среќаваат со лажните вести, кои најчесто се присутни на социјалните мрежи.
 
-Лажните вести се од огромен размер и им се посветува големо внимание. Јас најчесто се информирам од социјалните мрежи но знам да направам дистинкција што е лажна вест, а што вистинска информација, истакна гимназијалецот Андреј Младеновски.
Регионалниот центар за застапување од Делчево проектот „Интернет супер-хероти“ го имплементира во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Еуротинк, а истиот е финансиран од Европската унија

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*