Хуманитарни собирни акции во Делчево за помош на настраданите од земјотресот во Албанија

Црвен крст Делчево од утре, 30 ноември, започнува со хуманитарните собирни акции за помош на настраданите од земјотресот во Албанија. Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево, информираше дека како дел од првата акција на неколку локации ќе бидат поставени отворени пунктови, каде ќе се собираат донациите.

-Од материјалните средства може да се донира конзервирана храна, средства за хигиена, кебиња, душеци и вреќи за спиење, кои мора да се спакуваат по стандарди на Црвен крст за достава на хуманитарна помош. Донациите може да се достават на отворените пунктови на 30 ноември 2019 или од понеделник до петок од 8 до 16 часот во просториите на Црвен крст Делчево, информира Атанасовска.

Апелираше граѓаните и бизнис-секторот активно да се вклучат во собирната акција, со тоа што ќе донираат финансиски средства за настраданите.

-Последните информации се дека на лице место има доволни количини на хуманитарна помош и затоа најпотребни се финансиски средства. Истите може да се донираат на телефонските броеви и на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ, додаде Атанасовска.

Според планираното утрешната хуманитарна акција на младите волонтери на Црвен крст од Делчево ќе се спроведе од 11 до 14 часот, со распоредени пунктови на две локации, првиот кај градскиот пазар, додека вториот собирен пункт ќе биде распореден пред Стопанска банка во Делчево.

AПЕЛ КОН СИТЕ ГРАЃАНИ И БИЗНИС СЕКТОРОТ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО АЛБАНИЈАПочитувани сограѓани,Црвен крст на…

Posted by Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Делчево on Thursday, 28 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*