Јанушев од Делчево: На 12 април ќе кажеме крај на најнеуспешното владеење во Македонија

Во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија-Проблеми, решенија и програма“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев имаше свое обраќање кон граѓаните во Градскиот парк во Делчево.  Целта на собирот како што истакна Јанушев е да се поразговара со граѓаните на Делчево и делчевско, да се слушнат  нивните проблеми и идеи и да се преточи во решение тоа што тие сметаат дека треба да биде иднината во државата и на сите што живееме овде.
 
-Еден од најголемите проблеми во последните години е иселувањето на младите, откога дојде овој „Живот за сите“, што всушност не е никаков живот, туку е голгота или гола борба за опстанок. Ги слушаме проблемите и земаме како обврска на ВМРО ДПМНЕ да понудиме решенија во својата изборна програма, со која ќе излеземе пред вас граѓаните на 12 април. Сигурен сум дека ќе ни ја дадете поддршката и дека работите ќе почнеме од корен да ги менуваме после 12 април, со формирањето на новата Влада на чело со ВМРО ДПМНЕ.
 
Освен проблемот со иселувањето, Јанушев го напомена минирањето на нивниот обид за поднесување амандмани во Буџетот да се изнајдат средства за изградба на патот Делчево-Кочани, за кој како што рече слух од Владата нема.
 
-Слух нема затоа што единственото што знааттие да го прават е криминалот, корупцијата, непотизмот, да функционираат на еден криминално рекетарски начин. Тоа е единственото што знаат да го прават. Немаат една шајка заковано, единствената фабрика која што ја направија е фабриката за лаги и манипулации на Илинденска. Затоа е време да им кажеме дека е доста, да ги пратиме на црната страна на политичката историја и да недозволиме никогаш повеќе да имаме едно вакво убедливо најнеуспешно владеење во Република Македонија, додаде Јанушев пред делчевци.
 
Како ВМРО ДПМНЕ ќе ја понудиме нашата програма пред вас граѓаните, ќе излеземе на 12 април на изборите, сигурни сме и убедени во огромната победа која ќе ја постигнеме, ќе ја формираме Владтата и ќе почнеме со Обновата на МАкедонија, додаде на крај од својот говор пред делчевчани генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*