ПДПР избра нови претседатели на Форумот на жени и млади

Во Виница денес се одржа состанок на централниот и извршниот комитет на Партијата за демократски просперитет на Ромите.
 
На настанот на кој присуствуваа околу 350 преставници на ПДПР, за претседател на форумот на жени на ПДПР едногласно беше избрана  Џелја Асанова Д-р. по општа медицина од Штип.
 
Дипломираниот професор по историја Руфата Јашари од Куманово беше избран за претседател на форумот на млади.
 
На состанокот не е донесен конкретен став за коалицирање на претстојните избори. Одлука како што информираа од партијата ке се донесе после направените меѓупартиски состаноци кои следуваат во наредниот период.

Posted by Аксел Ахмедовски on Sunday, 1 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*