Кристијан Воденски победник во џиу-џицу турнир во Бруксал, Германија

Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски кој долги години се натпреварува во детските лиги во Германија во повеќе боречки вештини, освои нов медал. Овој пат тој беше најдобар во бразилско џиу-џицу за натпреварувачи до 48,3 килограми.
 
-Се натпреварував како дел од тимот на ,,Pyranha” под водство на тренерот Омар Пикјоти. Првото место го освоив во категоријата У-16 на турнирот ,,Ултимејт Бетл Трејлс”. Редовно имам борби со мојот тим и најчесто победувам на натпреварите, вели Воденски.
Воденски поради повреда една година паузираше, а на борбите им се врати на почетокот на септември 2019 година. .
 
Кристијан Воденски со семејството долги години живее во градот Офенбах, Германија
и е германски НАГА шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016, Европски НАГА шампион во 2014 и 2015, НАГА шампион од Монако во 2015 година, ИСКА К1 шампион од 2015 и ВКУ кик-боксинг шампион од 2015 и 2016 година. Иако живее во Германија, самиот вели дека усепсите ги чувствува и како успеси на Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*