Проекција на филмот ,,Врба” по повод Неделата на хуманост

Филмот ,,Врба” на режисерот Милчо Манчевски кој веќе двапати имаше можност да го гледа делчевската публика, утре 3 декември 2019г, повторно ќе биде прикажан во киносалата во Делчево.

Проекцијата е дел од кампањата ,,Недела на хуманоста – дарувај со љубов”, а истата е закажана со почеток во 19 часот.

Настанот е во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” од Делчево која е активен учесник во кампањата за хуманост.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*