ПСК „Делчево“ формира младинска секција за планинарство

Во органзизација на Планинарски спортски клуб „Голак“, денес се одржа едукативно предавање за планинарство со делчевските средношколци. Целта на предавањата, како што информира планинарот Љупчо Чучуковски е формирање на средноколска младинска планинарска секција која ќе ги изучува тајните на планинарството.
 
-Целта ни е најзаинтересираните ученици да ги зачлениме во младинската секција при Планинарско-спортски клуб “Голак“и со нив да работиме во областа на планинарството, по што ќе организираме планинарски акции за искачување на врвови, да организираме планинарски кампови, едукации и обуки од областа на планинарството , така што сум задоволен од денешната едукација, бидејки интересот кај децата е голем, рече Чучуковски.
Со овие презентации и обуки, како што додава, досега се опфатени над 3000 илјади нлади лица од југоисточниот регион на Македонија.
 
-Ова е презентација од низата предавања и обуки, кои ги спроведувам во Југоисточниот дел на Македонија каде сум координатор при комисијата за планинарски водичи и каде имам опфатено голем број на основни училишта и градинки и каде бројката досега ја надмина од 3000 опфатени ученици и средношколци. Се надевам во иднина на добра соработка со овие ученици и голем и се разбира големи резултати, додаде Чучуковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*