Пехчевската поетеса Габриела Костадинова дел од зборникот ,,Збор во времето”

Уште едно реномирано признание за пехчевската поетеса Габриела Костадинова. Како единствен претставник од Македонија на Меѓународниот конкурс ,,Збор во времето”, Српското уметничко друштво ,,Београд” и додели награда за учество, а нејзината поезија ја смести на страниците на истоимениот зборник што за македонската поетеса е огромно признание.

-Во Белград присуствував на промоција на зборникот ,,Збор во времето” во кој се застапени поети од Германија, Франција, Естонија, Израел, Швајцарија, Хрватска, Србија, Бих, Црна Гора и јас како претставник од Македонија. За мене како поет задоволство е да се биде дел од еден таков настан и да се преставува Македонија. А посебно сум горда што го преставував Пехчево и што за мојот град слушнаа ширум светот, истакна Костадинова.

Ова не е прва награда за Костадинова, нејзината поезија од неодамна е застапена и во зборникот ,,Поезија без граница” за кој претходно Костадинова учествуваше на истоимениот Меѓународен поетски конкурс.

Најголем успех за Костадинова е добивањето на специјален медал за учество на Меѓународниот поетски настан ,,Месопотамија 2019″ кој истотака се одржа во Белград.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*