Бидете дел од успешната приказна на ММЦ ПРОГРЕС Делчево

ММЦ Прогрес Делчево е македонско-германска фирма која повеќе од 13 години се зацврсти на европскиот пазар на облека како доверлив производител на висококвалитетна функционална и работна облека. Станува збор за извозно ориентирана компанија која извезува на германскиот, швајцарскиот и американскиот пазар.

Посветеноста и заедничката цел на вработените се детерминанти за постојано подобрување на работниот процес. Во таа насока вратите на македонско-германскиот бренд се отворени за секој оној поединец кој со својата трудољубивост и чесен однос кон работата посакува добра заработка и законски регулирани обврски кој го следуваат секој добар работник.

Одлични услови за работа со можност за добра заработка, европско работно време и многу други поволности, се она што отсекогаш се наш препознатлив знак за кој другите зборуваат.

Почувствувајте како е да се работи во сериозна фирма, со сериозен тим кој секогаш се стреми кон подобро.
Контакт телефон: 070-203-150

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*