ОЈУДГ „Весели Цветови“ го одбележа Светскиот ден за лица со посебни потреби

Воспитниот кадар и стручните соработници во градинката „Весели Цветови“ денес организираа настан за од одбележување на Светскиот ден на лица со посебни потреби. Како што истакна Марија Стоименовска, настанот имаше за цел да се испрати порака за создавање свет без различности.

-Во чест на овие лица воспитниот кадар и стручните соработници подготвија кратка пригодна програма и лотарија во која секое од дечињата доби по еден симболичен подарок. Во оваа прилика сакаме да ја искористиме да испратиме јасна и гласна порака сите да не затвораме очи пред различностите, туку напротив да создадеме еден свет без раличности, рече Стоименова.

Во продолжение еве како изгледаше денешниот настан

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*