Видео: Кампањата против семејно насилство „Нема оправдување“ во Делчево

Со реализирање на отвоена трибина, Форумот на жени на СДСМ Делчево вечерва активно се вклучи во кампањата #НемаОправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња.

Ако не се случува лично на нас, тоа не значи дека не постои. Насилството врз жени и девојчиња постои во најразлични форми во кои влегуваат различните психички и физички акти на насилство што се случуваат секој ден, истакна претседателката на Форумот на жени при СДСМ, Јулија Крстевска.

-Цел на кампањата е да поттикне дискусија споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата, рече Крстевска.

Повеќе за вечерашнава трибина на која свој говор имаа релевантни лица кои делуваат во борбата против оваа проблематика во видеата во продолжение!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*