Видео: Кадетите на РК „Делчево“ подобри од РК „Партизан“ Гевгелија

Во последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната во машка кадетска конкуренција ракометарите на РК Делчево денес со 34:31 беа подобри од ракометарите на РК „Партизан“ од Гевгелија. Впечаток е дека делчевци имаа подобро прво полувреме додека во второто полувреме повредата на Јован Петровски влијаеше на играта на домашниот тим, кои допуштија гостите да се приближат резултатски, но недоволно да направат целосен пресврт.

Во продолжение проследете како се одвиваше денешниот натпревар во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*