Хуманитарниот караван на Зегин во Делчево

Министерството за труд и социјална политика заедно со „Зегин“ како општествено одговорна компанија денес обезбедија новогодишни пакетчиња за децата од Дневните центри во Делчево, Македонска Каменица и Берово.
 
– Се ближат Новогодишни празници и наша цел е да ги израдуваме децата во Дневните центри низ цела Македонија, бидејки тие се дел од нас. Живееме во ист свет каде сите сме исти, така да сакаме да дадеме до знаење дека е многу важнo да се грижиме за децата пред се, истакна претставникот на Зегин, Маја Топкоска.
Караванот на хуманоста на Зегин до Нова Година, како што додаде ќе ги посети сите дневни центри во Македонија.
 
-Ова е првата тура од овој караван. Започнавме од Штип, продолживме во Македонска Каменица и Делчево, потоа во Берово и Виница. До крајот на годината продолжуваме со овој караван во сите останати градови и дневни центри во Македонија, додаде Топкоска.
 
Како општествено одговорна компанија од Зегин најавија дека ќе продолжат со ваквите активности и во наредниот период.

Хуманитарниот караван на Зегин во Делчево

Хуманитарниот караван на Зегин во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 12 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*