Започнува новогодишната културна понуда во Делчево

Со концерт на Академскиот хор „Мирче Ацев“ започнува богатата културно-уметничка понуда во Делчево. Концерто како што информираше Даниелаа Такева од Општина Делчево ќе се одржи оваа сабота,14 декември 2019г. во 19 часот во киносалата.
 
-На програмата се композиции од Мокрањац, Гајдов, Прокопиев и други автори, како и сплет песни од Тоше Проевски во аранжман на Д.Темков, под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска. Ја користам оваа прилика да ги поканам делчевци да бидат дел од овој убав културен настан со што сите заедно ќе бидеме сведоци на квалитетот на друштвото кое годинава одбележува 7 децении постоење и е своевиден подвижен музеј на македонската култура и традиција, рече Такева.
 
Културно-уметничка програма започнавме со отворањето на изложбата „8 Мега-Ана“, каде за прв пат се изложени и дел од фосилите ископани кај Стамер, продолжува утре вечер со концертот на академскиот хор Мирче Ацев, а потоа како што додаде Такева, следува новогодишниот саем од една од најбараните издавачки куќи „Сакам книги“.
 
Во склоп на Новогодишната културно-уметничка понуда се и годишните концерти на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и КУД „Гоце Делчев“. За наредната година околу божиќните празници од Општината најавија уште еден концерт.

Со концерт на академскиот хор „Мирче Ацев“ започнува Новогодишната програма во Делчево

Со концерт на академскиот хор „Мирче Ацев“ започнува Новогодишната програма во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, 13 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*