Опожарен домот на 52 годишен жител на село Тработивиште

Во пожар кој настана утрово изгоре куќата на 52 годишниот Ѓорѓи Марков – Џери од село Тработивиште. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево веднаш по дојавата се упатиле на терен и се уште го гаснат опожарениот дел од куќата. Очевидци велат дека пожарот најверојатно настанал поради неисправна електрична инсталација.

-Во разговор со учесниците во акцијата за гаснење разбравме дека неисправната електрична инсталација најверојатно го предизвикала пожарот. Противпожарната единица бргу пристигна и еве се уште ја гасне опожарената куќа, но сепак тешко нешто да се спаси од покуќнината, велат очевидци.

Соседите со апел да му се помогне на немоќниот жител на село Тработивиште.

-Соседи сме со Георги, тој е невработено лице, живее сам и без никакви приходи. Ќе му треба голема хуманост од граѓаните и помош за да некако му се олесни маката која го снајде, велат соседи на 52 годишниот жител на с.Тработивиште.

Несреќниот случај е пријавен и во Полициското одделение од Општа надлежност Делчево од каде повеќе детали најавија во текот на денот.

Мештаните и пријателите на меѓу нив познатиот Џери веќе се организираат за помош на онесреќениот жител на село Тработивиште на кого секој помош сега му е добредојдена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*