На покана на црковниот одбор од село Ѕвегор денес го посетивме манастирот „Св.Илија“ каде имавме можност да видиме како напредува изградбата на помошната просторија – трпезарија односно трем кој се гради по иницијатива на самиот црковен одбор, а за чија изградба во изминатите месеци своја помош пружија иселеници од село Ѕвегор кои живеат и работат во околината на градот Пиду во Швајцарија.
За таа цел поразговаравме со советникот за образование, Ванчо Новоселски кој е роден Ѕвегорец и кој детално не информираше за самата иницијатива и текот на работите кои се одвиваат во атарот на манастирот „Св.Илија“ во село Ѕвегор.
Новоселски во својата изјава за нашиот медиум се заблагодари до сите оние кои директно или индиректно ја потпомогнаа изградбата на помошната просторија во атарот на манастирот „Св.Илија“, кој е меѓу најпосетените, како од самите жители на Ѕвегор, така и од гостите намерници, но и од туристите кои доаѓаат во Делчево.
-По иницијатива на црковниот одбор за изградба на трпезарија и помошна просторија – трем во атарот на манстирот „Св.Илија“, беше прифатен со драга волја како идеја од нашите роднини и пријатели кои живеат и работат во Пиду и околината во Швајцарија, јавна благодарност до нив за финансиската поддршка која ни ја дадоа. Самата изградба започна во втората половина на ноември 2019 година. Еве стасавме и до покривот, односно по иницијатива на црковниот одбор, се собра населението од село Ѕвегор, од црковниот одбор, да помогнат да го покриеме овој голем објект, кој мислам дека е еден од најголемите на територијата на Општина Делчево, рече Новоселски.

Додаде дека трпезаријата ќе биде наменета за одржување наjразни собири, ручеци кои што се даваат поготово за време на Илинден.
-Исто така тука се собираат мештаните и на Петковден, Спасовден и за други поводи. Бидејки многу луѓе се собираат, проблем постоеше биво услови на дожд и сонце каде да се засолнат луѓето и самата идеја на црковниот одбор беше да се направи еден убав ваков трем, односно една убава ваква трпезарија, додава Новоселски.

Новоселски упати јавна благодарност до сите роднини и пријатели од околината на Пиду, Швајцарија.
-Помогнаа и наши луѓе кои што имаат фирми, ќе го спомнам МАНОВ, адвокатска канцеларија МАНЕВСКИ, ќе го спомнам Борче Шината, ќе го спомнам и Делчо Гошев, кој што самите даде свој придонес во „бичење“ даски, кои ни требаа во огромна количина, јавна благодарност до директорот на подрачна единица Шумско стопанство „Голак“, Љупчо Петровски, јавна благодарност за виљушкарот на МАНОВ, кој ни помогна да ги качиме решетките, јавна благодарност до ОКИПРОМ. Сепак сето тоа немаше да успее успее ако не го вградија мајсторите со вредните раце и неуморните луѓе кои се пензионери, а се бивши работници на ГРАНИТ. Во таа прилика не можам, а да не им ги спомнат имињата, Атанасовски Гроздан, Анастасовски Трајан, Димитровски Ристо, тука е и претседателот на месната заедница Љупчо Николовски, тука е и Зашовски Ристе, Стоилов Крсто, Миле Стоименов, Тони Јанев кој неуморно „бичеше“ беше негова донација, значи луѓе кои неуморно работеа да се изгради оваа зграда. Денеска стварно сме сведоци на нешто убаво што се случува во атарот на манастирот „Св.Илија“ во село Ѕвегор, дециден беше Новоселски.
Новоселски се извини доколку некој не спомнал и додаде дека тука црковниот одбор нема да застане. Изградбата ќе продолжи со изработка на клупи и маси, и сите оние работи, кои ќе придонесат местото да биде едно убаво катче, со кое не само што ќе се гордеат само Ѕвегорци, туку и сите од Општината.

За манастирот „Св.Илија“ можеме да кажеме дека се наоѓа на одлична местоположба, веднаш спроти геолошкиот профил „Звегор“ кој неодамна беше прогласен за заштитено подрачје како и во близина на туристичкиот локалитет Илин Камен кој е честа мета на туристите кои доааѓаат во Делчево.

Оддалечен од село Ѕвегор на само 2 километри манастирскиот комплекс „Св.Илија“ за време на викендите е одлично место за псокој и рај на душата. Во близина на местото се наоѓа и извор со вода за која според легендите се верува дека е лековита. Оние кои не го посетиле ги покануваме на едно убаво доживување од кое нема да останат рамнодушни.
Leave a Reply