Делчевските кик-боксери со 5 бронзени медали се враќаат од Меѓународниот турнир во Софија

Одличен настап на делчевските кик боксери на Меѓународниот турнир во Софија на кој настапија близу 500 натпреваеувачи од Бугарија, Унгарија, Италија, Руската Федерација и Македонија.

Медали освоија Андреј Митков бронезн медал во дисциплина деца во поинт фајт -30 кг, Дилан Ивановски во дисциплина постари кадети -42 кг освои бронзен медал и Павел Стојчевски освои три бронзени медали во кадетска конкуренција во кик-лајт, поинт фајт и лајт контакт при што според информациите кои ги добивме бил оштетен за повисок пласман во поинт фајт.

Тренер на екипата е Љупчо Стојчевски кој ја имаше и улогата на судија на дел од натпреварите на Меѓународниот турнир во Софија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*