Традиционалната „Здрава трпеза“ во детската градинка „Весели Цветови“ годинава во знакот на хуманоста

Во соработка со Центарот за социјални работи традиционалниот настан „Здрава трпеза“ Општинската јавна установа Детска градинка „Весели цветови“ годинава ќе го реализира во знакот на хуманоста. Како што информираше директорката Билјана Симовска настанот годинава се спроведува под мотото „Здрава исхрана за свет без глад“, а во неговата реализација активно учество ќе земат и родителите.

-Во светот се уште е голем бројот на луѓе кои немаат доволно храна или немаат квалитетна храна додека паралелно со тоа се уште многу храна се фрла. И земјава се вбројува во оние земји каде немаат сите жители доволно храна за да се прехранат себе си и семејството, не само количински туку и како хранливи вредности. Заради климатските промени и неправилното користење на природните ресурси прогнозите за следните десет години се дека 2 милјарди луѓе ќе страдаат од недостаток на храна.

Од децата треба да започне менувањето на навиките за посветла иднина заради што и одлучивме да ја спроведеме „Здрава Трпеза“ оваа година на малку поинаков начин. Од најмалите дечињата за семејства со повеќе дечиња на кои им е потребно. Голема благодарност за соработката на нашите родители, нивните големи души и хумани срца ќе допринесат неколку дечиња да се почуствуваат поубаво пред празниците, рече Симовска.

ОЈУДГ „Весели цветови“ во оваа активност подготви околу 30 пакети кои се распределни на 15 семејства со деца кои живеат во социјален ризик. При изработката на пакетите се користени основни прехранбени производи кои секојдневно се употребуваат.

Од „Весели Цветови додадоа дека ваквите активности ќе ќе продолжат и во наредниот период со организација на повеќе хуманитарни активности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*