Се реконструира патната инфраструктура во село Тработивиште

Во делчевско Тработивиште денеска се асфалтираат две улици во должина од околу 400 метри. Станува збор за целосна реконструкција на улиците „Пијанечка“ во должина од 250 метри и ул „Гоце Делчев“ во должина од 125 метри, со што како што информираат од општината се решава голем проблем за жителите од селото, бидејќи улиците беа целосно руинирани.

Вршејки увид во градежните работи, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски истакна дека со целосната реконструкција на овие две улици се започнува инвестицискиот циклус во населените места во Делчево.

-Како одговорна општина која сака да го подобри квалитетот на животот на сите жители на Општината, започнавме со инвестициски циклус во инфраструктура во неколку села во Општината. Конкретно, денеска асфалтираме две улици во село Тработивиште кои беа во многу лоша состојба и создаваа секојдневни проблеми на жителите кои живеат овде. Со оваа инвестиција решаваме големи проблеми во селото. По завршувањето на работите во село Тработивиште, ќе се продолжи со изградбата на планираните улици во село Град и ело Разловци, а во тек е подготовка на планска документација за изградба на улици во село Вирче и село Стамер, рече Трајковски.

Жителите на селото изразија задоволство што калта по која газеа веќе ќе биде минато.

-Па да ви кажеме право овој дел од Тработивиште требаше да се докомплетира. Оваа и останува уште една мала улица за да се направи, истакна жител на Тработивиште.

Средствата на овој инфраструктурен пакет во висина од околу 3 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево и се дел од општиот тендер за изградба на улици.

Согласно тендерот предвидена и изградбата на улици-крак 2 и крак 3 во селото Град со вкупна должина од над 300 метри и изградба на улица во селото Разловци во должина од 151 метри.

Во овој период како што дополнија од Општина Делчево интензивно се работи и на подготовка на основна документација за изградба на десетина улици во Делчево и населените места

Се подобрува патната инфраструктура во село Тработивиште

Се подобрува патната инфраструктура во село Тработивиште

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 17 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*