
Младите фолклористи при Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, пејачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот Пијанечки еснафи вечерва го одржаа Новогодишниот концерт кој беше и последната активност за 2019 година во организација на делчевската Национална установа.
-Секогаш кога е полна салата со толку млади луѓе и толку публика и нашата душа е полна. Импресиите се огромни, овој завршен Новогодишен концерт беше плод и на фолклорната група и на пејачката група и на сите секции што работат во состав на Центарот за култура, истакна директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Методи Толевски.

-Секоја година на завршниот Новогодишен концерт се претставуваме со сето она на што сме работеле во изминатата година и со што сме настапиле на фестивалите во земјава и странство. За оваа година спремавме две нови кореографии, Роненка и Посеље. Со нив ќе се претставуваме во наредната година на сите фестивали каде ќе бидеме поканети, истакна кореографот Кристијан Трајановски.

-Јас сум Павле Богдановски, имам 15 години и сум член на ова друштво 4 години. Вечерва се претставивме со Малешевка, Копачија и Посеље. Годинава за нас најзначајно беше учеството на Балканскиот фестивал во Турција.

-Имам три внуки што членуваат, членови се пет-шест години, одат и за Турција веќе три години и така. Вечерва беше многу убаво, истакна Славица Трајановска, посетител на концертот.

-Многу убаво, младите сакаат да се релаксираат. Овде се и моите внуци. Играат веќе една година, тие се во првите веќе и сум многу задоволна и храбра баба, истакна посетителка на концертот.

Изјавите за овој настан и целиот концерт кој го пренесувавме во живо во продолжение!
Leave a Reply