Вечерва се одржа и последната проба пред утрешниот годишен концерт кој Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ ќе го одржи по повод своето 45 годишно постоење.
Кореографот на друштвото Зенил Реџепов информираше дека на концертот вкупно 202 играорци ќе се претстават со најзначајните кореографии со кои културно-уметничкото друтшво настапило низ годините наназад ширум фестивалите во земјава и странство.
-КУД „Гоце Делчев“ од Делчево го слави својот јубилеј. Кореографии играни 45 години како во Делчево, така во земјава и светот ќе бидат изведени од сите 202 члена кои ќе подготват богата културно-уметничка програма, рече Реџепов на вечерашнава проба.

Во продолжение погледнете како течеше последната проба за утрешниот Годишен концерт на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево.
Leave a Reply