Во заостанатиот натпревар од првата лига ЖКК „Патриот 2016“ загуби од ЖКК „Пробаскет Академија“

Во заостанатиот натпревар од 8 коло во Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на „Патриот 2016“, денес во Делчево загуби од кошаркарките на „Пробаскет Акдемија“ од Пробиштип со 54:88. Натпреварот се решаваше во второто полувреме, откако домашната екипа потклекна во напорите да го одржи добриот резултат од првото полувреме, во кое во неколку наврати имаше нерешен резултат.

Од таборот на делчевки изразија жалење што како екипа не успеаа по втор пат да ја израдуваат домашната публика.

-Можевме до добар резултат, но поради претходно одиграниот натпревар во кадетска конкуренција, како да ја изгубивме силата, што беше искористено од страна на гостинките кои сурово не казнија и ги однесоа бодовите во Пробиштип, истакнаа од стручниот штаб на „Патриот 2016“

Утеха за делчевки од поразот е победата која претходно ја забележаа во кадетска конкуренција, над истоимената екипа од Пробиштип, со што ја продолжија серијата добри настапи во оваа конкуренција.

Во следното коло во рамки на прволигашките настапи, екипата од Делчево и гостува на силната екипа на „Баскет Кам“ од Македонска Каменица. Каменичанки дербито на истокот го дочекуваат од 4-тата позиција на табелата, место кое води во плеј-оф натпреварите, додека делчевки по денешниот пораз се вратија на дното на табелата со 9 освоени бодови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*