Сточарска вечер за прв пат во Малешевијата

Во организација на група сточари од Малешевијата во Берово се одржа Сточарска вечер. Сточарот Вангелина Пармачка од село Будинарци во улогата на организатор истакна дека целта на настанот е за прв пат сточарите од Малепевијата, Пијанец и околните места да разменат искуства за состојбата во сточарството, но и заеднички да се провеселат пред крај на календарската 2019 година.

-За прв пат решивме Сточарска вечер на меѓуопштинско ниво. Имаме сточари од Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Македонска Каменица. Задоволни сме како за почеток со тоа се надеваме така разочарани мислејки дека сточарството замира, ова нека биде почеток да бидеме стабилни да се организираме, тоа е нашата идеја за оваа вечер да си размениме мислења и идеи, истакна Пармачка.

Пармачка додава дека сите бегаат од сточарството, но препорачува сточарите да бидат цврсти и да издржат. Ова особено им го прача на жените кои се занимаваат со сточарство, бидејки поволностите кои што се нудат за жените кои имаат регистрирано земјоделско стопанство се огромни.

-Мерката 115 после толку години излезе и нуди поволности за жени кои имаат регистрирано земјоделско стопанство. Како жена земјоделец е тешко да бидеш мајка, домаќинка и да одиш со тракторот на нива или да одиш во шталата со овците или другите животни. Но, на жените може да им кажеме само смело, гордо напред со нашата пот, бидејки иако е тешко да да се биде жена сточар, не е страшно, додаде Пармачка.

Со цел гласот на земјоделците да биде слушнат тие планираат здружување и реализирање на нивните идеи за подобро земјоделство и сточарство. Во рамки на Сточарската вечер беа доделени голем број на награди а свое присуство имаше и еден од најголемите производители на концентрат од Србија кои се рапсространети на територијата на цела Европа.

Повеќе околу овој настан од изјавите во продолжение како и од видеотот со најинтересните моменти од првата Сточарска вечер во Малешевијата.

Сточарска вечер за прв пат во Малешевијата

Сточарска вечер за прв пат во Малешевијата

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 21 December 2019
https://www.youtube.com/watch?v=t7v_yqnkI

Распукала Шар Планина (Active Band) – Сточарска вечер ,,Мис Стон" Берово

Posted by delcevo365.mk on Friday, 20 December 2019

Малешевско оро и Запојас во изведба на Active Band – Сточарска вечер ,,Мис Стон" Берово

Posted by delcevo365.mk on Friday, 20 December 2019

Дајте ми ја – Active Band (Сточарска вечер ,,Мис Стон" Берово

Posted by delcevo365.mk on Friday, 20 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*