Донација за семејството чиј стан беше опожарен во Берово

Семејството Арифовски од Берово, чиј стан неодамна е обновен, после претпрената штета во пожар денес добија посебно внимание од дечињата од Детската градинка ,,Радост” од Скопје. Облека, храна, играчки, мебел но и парични средства, беа само дел од подароците кои ова семејство ги доби во пресрет на новогодишните празници.

-Иницијативата е од родителилите, од втората мала група, во соработка на воспитувачите и родителите од објектот Темјанушка, градинка ,,Детска Радост” – Скопје. Поддржана е од вработените и управата на градинката и од Пост експрес Скопје. Целта ни беше да ги научиме децата, дека треба не само да бараат за празниците, туку и да подаруваат и се надевамe дека ова ќе премине во пракса, секоја година да даруваме, истакна родител на едно од децата од градинката, кој учествуваше во транспортот на донацијата, до Берово.

Поддршка кон оваа акција стигна и од беровскиот градоначалник Ѕвонко Пекевски.

-Денеска бевме сведоци на големината на воспитувачите од детската градинка ,, Детска Радост”, кои сакајќи да ги научат децата од својата група, на одредени вредности, организираа голема акција да се помогне на едно повеќечлено семејство, во Берово. На ова семејство, општината му помага во повеќе наврати и се надеваме дека конечно, се вдомени, со сите потребни услови за живот, истакна Пекевски.

Кон акцијата се приклучија и учениците и родителите од III-2 одделение, од деветолетката ,,Вера Јоциќ” од Скопје.

Од семејството Арифовски упатија голема благодарност до сите кои се вклучија во оваа акција и помогнаа да се подобри нивниот живот.

Донација за семејство чиј дом беше опожарен во Берово

Донација за семејство чиј дом беше опожарен во Берово

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 21 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*