Трагачите по парадокси претставени пред белградскиот крем на афоризмот

Во големата сала на друштвото на писатели на Србија, промовирано третото издание од едицијата Балкански афоризми насловено „Трагачи по парадокси“ од афористичарот Миле Ѓорѓијоски. Промоторите на делото на делчевецто со кичевски корени, Александар Чотриќ, Слободан Симиќ и Витомир Теофиловиќ ја оценија книгата како едно од најзначајните дела во балканската афористика.

– Делото по многу нешта е значајно и може да се каже најзначајно воопшто кога е европскиот афоризам во прашање. Ова е прва книга на афоризми од европски афористичари издадена досега што само по себе е голема работа за авторот, истакнаа еминентните имиња на српската сатира и афоризам.

За Ѓорѓијоски ова е заокружување на една успешна година исполнета со многу промоции.

-Имавме настапи насекаде со „Трагачи по парадокси“, од Пехчево, па се до Белград. Сето тоа благодарение на Дом на култура „Тошо Арсов“ како издавач на книгата, рече Ѓорѓијоски.

По промоцијата во Белград во култниот Коларац во Белград, Ѓоѓијоски како единствен претставник на Македонија имаше свој настап на Новогодишниот сатирикон, на кој учествуваа најпознатите имиња од областа на сатирата од Балканот.

За 2020 година Ѓорѓијоски најави многу нови дела и промоции како во земјава така и во странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*