Општина Берово го усвои Буџетот за 2020 година

Низ демократска и фер атмосфера, денеска на 28 Седница на Совет, и воедно последна во тековната 2019 година, Советот на Општина Берово, го донесе Буџетот на Општина Берово за 2020 година.
На изготвувањето на Буџетот му претходеа форуми во заедницата, неформални средби со граѓани, на кои што беа истакнувани приоритетите и потребите на граѓаните.

Во рамките на процесот на изготвување на Буџетот на Општина Берово за 2020 година, земани се во предвид, истакнатите проблеми на граѓаните по приоритет. Буџетот е изготвен водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2020 година е развоен.

На приходен дел Општина Берово, во текот на 2020 година, планира да прибере по основ на :


-Даночни приходи – 28,799,939
-Неданочни приходи – 21,557,000
-Капитални приходи – 7,115,000
-Приходи од дотации – 151,075,036
-Приходи од трансфери – 55,600,772
-Приходи од донации – 17,829,253

На расходен дел, Општина Берово во текот на 2020 година, планира да реализира по основ на:


ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ – 143,119,081
РЕЗЕРВИ И НЕДЕФИНИРАНИ РАСХОДИ – 450,000
СТОКИ И УСЛУГИ – 63,487,436
КАМАТНИ ПЛАЌАЊА – 80,000
СУБВЕНЦИИ И ТРАНСВЕРИ – 9,992,000
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 62,510,283
ОТПЛАТА НА ГЛАВНИЦА – 2.338.000,00

Вкупиот Буџет на Општина Берово за 2020 година, е проектиран на сума од 281.977.000,00 денари, од кои основен буџет е 98.636.711,00 денари, самофинансирачки активности 14.436.000,00 денари, Буџет на дотации 151.075.036,00 денари и на донациска сметка проектирани се 17.829.253,00 денари.

Буџетот на Општина Берово за 2020 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита.

Основната цел на Буџетот, како што истакна Градоначалникот Пекевски, е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, во сите сфери на општественото живеење, додавајќи дека во 2019 година, се реализирани голем број крупни капитални проекти, кои во поголем дел се и платени и се надева дека со реализација на проекти, ќе се продолжи и во 2020 година.

Претседателот на Совет, Јован Матеничарски, истакна благодарност до советниците на Советот на Општина Берово, за транспарентноста, отчетноста и одговорноста на функцијата која ја извршуваа во текот на 2019 година и за донесувањето на најголем број од одлуките со консензус од 15 гласа ЗА.

Матеничарски додаде дека деновиве ќе почне да се имплементира проектот за зајакнување на капцатитетите на Советите, преку кој општина Берово аплицираше и доби средства од УНДП.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*