Илјада новогодишни пакетчиња за децата во Делчево

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските одделенија од двете деветолетки, како и децата од Дневниот центар.

Оваа активност е дел од одбележувањето на новогодишните празнувања во Делчево што традиционално започнува со најмладите, бидејќи на новогодишните празнувања и на Дедо Мраз кој е симбол на детството и исполнување на детските желби, најмногу се радуваат дечињата.

Трајковски истакна дека новогодишните пактечиња се доделуваат со цел сите дечиња во Делчево да ја осетат новогодишната магија.

-Традиционално во пресрет на Новата година ги посетуваме институциите кои згрижуваат деца, како и образовните институции и доделуваме новогодишни пакетчиња сакајќи да обрнеме внимание на секое дете од нашиот град и да да ги разубавиме празниците на сите дечиња во Делчево. За оваа традиционална предновогодишна активност, Општина Делчево во партнерство со бизнис-секторот оваа година обезбеди 1000 новогодишни пакетчиња. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите претставници од бизнис- заедницата кои учествуваа во оваа новогодишна мисија, а воедно, на сите дечиња им посакувам да имаат среќно и безгрижно детство и Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки, но и успеси во училиштето, истакна Трајковски.

Во продолжение моменти од денешното доделување на Новогодишните пакетчиња.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*