„Голачка срна“ ја додели наградата за најдобар планинар за 2019

Планинарското друштво „Голачка срна“ на заеднички новогодишен коктел синоќа ја додели наградата за најистакнат планинар за изминатата 2019 година. Како што информираше Васил Маневски, член на друштвото, наградата за најредовен учесник на сите маршеви ја доби планинарот Фиданчо Златковски.

-Планинарското друштво „Голачка срна“ постои 8 години и еве овој јубилеј го закружуваме со предновогодишно планинарско дружење. Имаме трисесетина членови од кои некои се повремено активни, некои постојано, но наоѓаме време и за дружење во планината, но и во приватниот живот. Годинава наградата за најредовен планинар ја доби Фиданчо Златковски кој учествуваше на сите организирани планинарски маршеви годинава, рече Маневски.

За наредната година од планинарското друштво најавија реализирање на 20 планинарски маршеви во Пијанечкиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*