Премиера на „Мој термин“ в понеделник во Делчево

Во понеделник (30.12.2019 год) во киносалата во Делчево ќе биде изведена Социјално-битовата театарска претстава “Мој термин”. Претставата ќе биде изведена во два термини, првиот за основните и средните училишта е во 13:30 часот, додека во 17:00 часот претставата ќе биде прикажана пред љубителите на театарската уметност.

-Социјално-битовата драма “МОЈ ТЕРМИН” има за цел преку иронија и сатира, да ги истакне се уште актуелните проблеми во здравството како што се предрасудите и стереотипите, кај дел од здравствениот персонал, пред се во секундарното здраство, се уште актуелната појава на користење на надрилекарство, малолетнички бракови и други социјални појави во едно современо ромско семејство, соопштија организаторите.

Улогите во претставата ги толкуваат :

Јована Стојановска – Фатиме

Андреј Милчевски – Зујди

Натали Богдановска – Шукра

Давид Михаиловски – Ештреф

Марија Магдалена Стоименовски – Есмералда

Столе Златковски – Даниел

Ружди Арифовски – Оџата

Нихад Ахмедовски и Мухамед Ибраимов – помошници на Оџата

Дамјан Маневски – докторот

Теона Златковска – медицинска сестра

Андреј Арсовски – статист

Анастасија Такева – телефонистка

Режисери на театарската претстава се Зекир Абдулов и Маријана Стоименовска, додека Абдулов се јавува и во улогата на сценарист и текстописец.

Претставата е работена со улоги на млади актери од ООУ „Ванчо Прке”, и СОУ „Методи Митевски-Брицо” и актер од првата актерска генерација во Делчево , Ружди Арифовски.

Во понеделник( 30.12.2019 год) со почеток13,30 во кино~ салата, ќе биде изведена Социјално~битовата театарска претстава…

Posted by Marijana Stoimenovska on Saturday, 28 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*