„Новогодишната желба на Дедо Мраз“ прикажана пред дечињата од ОЈУДГ „Бамби“

Денеска во Детската градинка Бамби во Македонска Каменица, беше прикажана театарската претстава „Новогодишната желба на Дедо Мраз“ подготвена од воспитувачките и негувателките под будното око на директорката Снежана Златановска.

Гости на претставата беа претставници на локалната самоуправа со градоначалничката Соња Стаменкова како и членови на управниот одбор на градинката и родители. Со оваа претстава на најубав можен начин вработените во ОЈУДГ „Бамби“ на дечињата им ја честитаа Новата година. Во градинката утре како завршна активност ќе бидат доделени и новогодишните пакетчиња.

Која беше новогодишната желба на Дедо Мраз погледнете во продолжение.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*