По повод Новата 2020 година денес своњ обраќање имаше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Интегрален текст од обраќањето во продолжение
Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме на дореализација на капиталните проекти и проектираме нови инфраструктурни проекти за реализација на наредната година. Воведуваме нови мерки, креирани во буџетот и сакаме да донесеме развој во сите полиња од живеењето, од инфраструктура, до образование и култура. Во сите наши напори стои заедничкиот именител дека работиме во интерес на граѓаните и со единствена цел да ја направиме нашата Општина, подобро место за живеење. Во Новата влегуваме со нова енергија во остварување на нашите планови и програми-целта останува иста, подобар квалитет на животот на моите сограѓани. Во пресрет на новите 366 дена од 2020 година, во мое име и во име на вработените во локалната самоуправа, Ви ги честитам новогодишните и божиќните празници и Ви посакувам мир, благосостојба и здравје, успеси на лично ипрофесионално поле.
Со почит, Градоначалник Горан Трајковски

Leave a Reply