Одржан Новогодишен базар во деветолетката ,,Ванчо Прке”

Како и секоја година така и оваа во очи Новогодишните празници ООУ “Ванчо Прке”, повторно ги отвори портите на Новогодишниот базар, со хуманитарен карактер. Како што изјави заменил директорот на училиштето Маријана Стоименовска оваа креативна и идејно-дизајнирана хумана акција, уште еднаш покажа дека учениците се вистински уметници кога се во прашање изработки на новогодишни украси.

-Притоа користени беа материјали од разни видови , бои и некои од нив со рециклирани изработки. Овие прекрасни ученички ракатки беа со продажбена цел, која ќе биде пренаменета за потребите на учениците, кои преку нивниот ученички парламент и одделенските активи ќе бидат реализирани за потребите на учениците и воспитно-образовниот процес, рече Стоименовска

Посетеноста во голем број од страна на родителите, како што додаде потврди дека и тие како дел од училишниот триаголник даваат целосна поддршка на ваквите ученички активности.

-Со реализацијата на овие активности ќе имаат причина повеќе да се гордеат со своите најсакани и ќе можат да уживаат во глетката која ќе им ја претстават нивните деца. Затоа и училиштето треба да покаже дека не е само храм на едукација туку и образовна установа за крација спроведена на,дело со практични активности корисни за сите субјекти во училиштето, додаде Стоименовска.

Со овој Новогодишен базар завршува и последната планирана активност на учениците и наставниот кадар за првото полугодие, по кое ќе следат полугодишните оценки и посакуваниот распуст.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*