Видео: Претседателот на ПДПР со Новогодишно обраќање и свое видување за претстојните избори

На прес коннференција претседателот на Партијата за демократски просперитет Аксел Ахмедовски на сите граѓани им ја честиташе Новата година, а се осврна и на актуелната политичка ситуација во државата.

-Сакам на сите наши граѓани во нашата држава да им ја честитам Новата година, да им посакам многу здравје, среќа и многу успех на професионален план. Знам дека на одредени граѓани има се случија моменти со доста среќа и љубов, но имаше и такви кои беа разочарани и не им се остварија желбите. На оние што имаа добри моменти им посакувам истите да им се повторат, додека на оние ваквите тешки моменти никогаш да не им се повторат. По однос на нашата ромска заедница посакувам посебно среќа бериќет во Новата година а во исто време на младите со високои средно образование да си го најдат своето место во системот односно целосно да има интеграција на нашата заедница во општеството.

Ахмедовски за претстојните предвремени парламентарни избори вели дека се спремни да настапат сами, но и дека се водат разговори со сите политички субјекти со кои би можеле да коалицираат.

-Сакам да истакнам дека досега се водени разговори со политички субјекти од политичка сцена, а ќе продолжиме и понатаму да водиме разговори. Во наредниот период овие разговори ќе добијат на интензитет и сметам дека доколку се преклопат нашите политички и програмски ориентации, сметам дека ќе се постигне коалиција со некоја од посточеките партии, истакна Ахмедовски.

Доколку не се случи коалицирање, како што додаде ПДПР како партија е подготвена на претстојните предвремени парламентарни избори да настапи самостојно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*