Новогодишната ноќ и оваа година традиционално, таткото на градот ја поминува во посета на дежурните служби во Делчево. Во знак на благодарност за нивната будност градоначалникот Горан Трајковски на вработените во Итната медицинска помош, Полициската станица од општа надлежност, Територијалната противпожарна единица и Граничен премин Делчево заедно со Регионалниот центар за Гранични работи Исток им додели пригодни подароци.
-Новогодишната ноќ е работна за медицинскиот персонал во Итната медицинска служба, за пожарникарите во ТППЕ Делчево за полициските службеници од ПС од општа надлежност- Делчево, како и за Царинската испостава на Граничен премин Делчево. Во знак на благодарност за нивната будност и оваа новогодишна вечер ги посетив на нивните работни места и им доделив пригодни подароци. Им посакувам да имаат мирна новогодишна ноќ, а наредната 2020 да им донесе лична среќна многу здравје и бериќет и успех на професионален план, истакна Трајковски.
Видеото од посетата на првиот човек на дежурните служби во продолжение.
Leave a Reply