Новогодишни ловџиски хајки во Делчево и М.Каменица

Традиционалните ловџиски хајки кои по повод Новата година се организираат на ловиштата во Пијанец, за делчевските и каменичките ловџии завршија успешно. Најголемиот улов во Делчевско, на првиот ден од Новата 2020 година е забележан на ловиштата над селото Град.

-И оваа година се вклучивме во традиционалната Новогодишна хајка во која имавме успех. Отстрелана е дива свиња која по законот за ловостопанство е дозволена за отстрел. Вепарот е тежок околу 150 килограми и е еден од нашите поголеми улови. Задоволни сме, бидејки на крајот на 2019 година имавме отстрелано капиталец тежок 200 килограми, а еве во Новата година имавме среќа повторно да имаме добар улов, вели Атанас Ангеловски, ловџија од делчевското село Град.

Во Македонска Каменица како што информираат од Ловното друштво ,,Каменица Саса” денес исто така е забележан првиот улов во Новата година.

-Имавме среќа да имаме прв отстрел во Новата година. Овие хајки на диви свињи се традиционални во овој крај и редовно учествуваме, велат ловџии од М.Каменица.

Денешен улов во М.Каменица

Поради ниските температури во наредниот период од ловните друштва ,,Острец” Делчево и ,,Каменица Саса” најавуваат прихрана на дивечот, што е обврска на ловџиите во текот на зимскиот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*